Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаШилегов: СДСМ ќе поднесе кривична пријава за незаконската одлука на судијката Поп Стефанија

Шилегов: СДСМ ќе поднесе кривична пријава за незаконската одлука на судијката Поп Стефанија

СДСМ ќе поднесе Кривична пријава за криминогената и незаконска одлука на судијката Александра Поп Стефанија, најави денеска Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.

„За криминогената и незаконска одлука на судијката Александра Поп-Стефанија СДСМ ќе поднесе Кривична пријава. Во името на заштитата на правото и законите СДСМ ќе побара преиспитување на нејзината работа како и работата на претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски.

Криминогената одлука да се прогласи СЈО за ненадлежно околу случајот за уништување на опремата за прислшување, во којшто се вмешани Гордана Јанкуловска, Горан Грујевски и други осомничени, е спротивна на законските прописи по повеќе основи“, вели потпаролот на СДСМ Петре Шилегов.