HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ ќе бара законски измени да не се оданочуваат парите од донации

СДСМ ќе бара законски измени да не се оданочуваат парите од донации

Пратеникот на СДСМ, Јован Митрески во изјава за 24 Вести најави дека ќе поднесат барање за измени на законот за персонален данок на доход, кога се работи за хуманитарни донации. По страшното невреме кое го зафати скопскиот регион, поплавените жители и семејствата на жртвите земаа 13.285 денари, наместо 14.761. Разликата од 1.476 денари е наплатена како данок. Пратеникот на СДСМ вели дека без разлика дали се работи за ДДВ или персонален данок на доход, не е во ред државата да заработува на сметка на оние кои донираат или на сметка на оние на кои помошта им е најмногу потребна.

За Владата велат дека се свесни за настанатиот предизвик и бараат начини за негово надминување. Од министерството за финансии пак, ја префрлаат топката на Владата.

„Свесни сме за настанатиот предизвик со пресметаниот данок на донацијата на Црвен Крст, но првичните наши информации се дека е постапено согласно закон во вакви ситуации и би сакале да акцентираме дека никој немал ниту намера ниту цел да одземе нешто што им припаѓа на оштетените, туку едноставно се дејствувало согласно законот што е обврска на институциите. Владата има политичка волја да се надмине овој предизвик и затоа побара мислење од институциите кои имаат надлежност во оваа тема, да не известат за можностите за излезни решенија за надминување на предизвикот.“

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com