Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ ќе се заложи за работниците и младите да останат тука

СДСМ ќе се заложи за работниците и младите да останат тука

СДСМ организираше нова дебата за промоција на нивната изборна програма „Визија за Македонија“ овој пат со мерките за економијата или поточно можноста за вработување на младите луѓе кои се почесто ја напуштаат својата земја, како и за заложување за работниците. Во презентацијата на програмата учествуваа претседателката на Комисијата за труд и социјална политика, Мила Царовска и претседателот на Комисијата за економија Драган Тевдовски.

Главните поенти на СДСМ се дека постои голема нееднаквост во Македонија која произлегува од принципот на вработување со партиска книшка, како и малите пригходи на голем број на вработени при што исчезнува средната класа.

Се говореше и за зголемување на даноците на најбогатите 5 проценти од населението што е слично со левичарската реторика на американскиот кандидат за претседател Берни Сендерс. СДСМ предвидува и буџетска подршка за домашните претпријатија кои ќе треба да бидат основата на развојот со што се издвојуваат од досегашните политики на ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ одговорија на дебата со соопштение во кое се вели дека СДСМ никогаш не биле на страна на работниците бидејќи во 90-тите беа одговорни за затворање на 400 претпријатија и отпуштање на 200 илјади работници.