Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ ќе прави влада – Седница на Извршниот и Централниот одбор на партијата

СДСМ ќе прави влада – Седница на Извршниот и Централниот одбор на партијата

СДСМ соопшти дека Централниот одбор вечерва едногласно ги поздравил, како што наведува, достоинственоста, храброста и мудроста на чекорите и политиките на нивниот претседател Зоран Заев, на раководството на партијата и на пратеничката група на СДСМ и коалицијата.

Тоа, според ЦО на СДСМ, резултира со отворена можност за формирање нова влада на Република Македонија.

„Многу скоро очекувам да влеземе во преговори за формирање на новата влада. По 11 години режим, СДСМ ја доби честа и одговорноста од граѓаните да ја предводи новата демократска, реформска Влада на заедничка, унитарна, европска Република Македонија, којашто ќе обезбеди квалитетен живот за сите граѓани. Наш приоритет остануваат граѓанските и државните интереси, ве повикувам да ја продолжиме сериозната посветеност кон овие клучни цели“ – повикал Заев.

На вечерашната седница на Централниот одбор на СДСМ едногласно бил утврден датумот на редовниот 22. Конгрес на СДСМ.