Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ ќе оди на избори по „ритамот“ на ДИК

СДСМ ќе оди на избори по „ритамот“ на ДИК

И СДСМ ја потпиша методологијата за избирачкиот список што ја предложи ДИК. Според оваа методологија избирачкиот список ќе се ревидира во неколку фази. Постапката почнува со споредба на сегашната состојба на списокот со податоците од последните избори. Во наредната фаза ќе се прави вкрстено споредување на базите на податоци од 10 институции.

Во третата фаза ќе се врши теренска проверка на местата каде што податоците нема да се совпаѓаат. Ќе се користат ресурси на државниот завод за стастистика. Владата веќе одобри дополнителни простории, како и 50 автомобили за теренска проверка. Ќе биде и дополнително ангажиран стручен кадар, кој ќе биде ставен на располагање за потреби на ДИК.

Сега, откако СДСМ даде согласност и за избирачкиот список, остана уште партиите да се усогласат за медиумската реформа.