Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСM ќе ја кандидира Милитие Хаилими за градоначалник на Арачиново

СДСM ќе ја кандидира Милитие Хаилими за градоначалник на Арачиново

Премиерот Зоран Заев денеска при посетата на Арачиново, по повод Курбан-бајрам, соопшти дека СДСМ на претстојните локални избори за градоначалник ќе ја кандидира Милитие Хаилими.

– Во Арачиново ќе настапиме со член на СДСМ, почитуван во општеството. Ќе настапиме со жена Албанка, Милитие Халими, која со семејството потекнува од ова место. Утврдивме 70 отсто од кандидатите на СДСМ за градоначалници, а во тек се преговорите со актуелните, но и потенцијални коалициони партнери – рече Заев.

Премиерот Заев им го честиташе Курбан-бајрам на сите граѓани со муслиманска вероисповед.

– Ова е празник што нè потсетува дека добрината треба да биде наша водилка. Животот е минлив и менлив, а зад нас останува добрината што ја оставаме кон сите во општеството и кон на кои им треба помош. Затоа секогаш да се потсетуваме на вредностите што празникот ги вади на површина, а тоа е меѓусебно помагање, не само на своето семејство, туку и на пријателите, на соседите, на сите што се околу нас. Само така ќе остане споменот за нас, за нешто добро што сме правеле за сите други – рече Заев, кој нагласи дека празникот е во духот на концептот „едно општество за сите“.