Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ ќе го бојкотира новогодишното обраќање на Претседателот

СДСМ ќе го бојкотира новогодишното обраќање на Претседателот

СДСМ иако се врати со Собранието не пропушта шанса да укаже револт кон државните институции и најави дека нема да присуствува на новогодишното обраќање на Ѓорѓе Иванов претседателот на Република Македонија, пренесеува plusinfo.

„Мислам дека ставот на СДСМ е јасен одамна. Претседателските и парламентарните избори се криминални и наместени. Во Парламентот сме исклучиво заради договорот од Пржино. Немаме апсолутно никаква намера. Тој како прво за нас не е претседател, затоа што е избран на криминални и наместени избори – одговори Сугарески на новинарско прашање.ivanovСпоред Уставот претседателот ја носи највисоката државна функција и е избран со широк поединечен конесензус на гласачите, но опозиционата партија не сака да го удостои неговиот говор.

Извор: plusinfo.mk