Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ ќе ги прекине притисоците за присилна наплата со укинување на радиодифузна

СДСМ ќе ги прекине притисоците за присилна наплата со укинување на радиодифузна

Опозиционата СДСМ повторно се заложи за укинување на радиодифузната такса, а овој пат тоа е дел и од нивните предизборни ветувања, особено по најавата дека УЈП ќе врши присилна наплата преку извршители за што веќе има изготвено решенија против 85.000 граѓани кои се најдоа на должничкиот список.

radiodifuzna

„После 11-ти декември никој повеќе во Македонија нема да плаќа радиодифузна такса. Ставаме крај на притисоците, блокираните сметки и стресот од извршителите за неплатените сметки од радиодифузната такса! Неодговорната власт преку УЈП ги толерира милионските долгови на МТВ за неплатени даноци, а се заканува со присилна наплата на радиодифузна такса на 85.000 граѓани“ соопшти СДСМ.

СДСМ посочи дека МРТВ треба да се финансира целосно од буџетот и да профункционира како вистински јавен сервис за граѓаните. Рокот за подигнување на решенијата за присилна наплата на радиодифузна такса истекува денес и граѓаните треба да побрзаат да ги платат сметките издадени од УЈП во име на МРТВ.