Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ ќе бара што побрзо да се одбере претседател на Собрание

СДСМ ќе бара што побрзо да се одбере претседател на Собрание

Од СДСМ велат дека мора да се одблокираат парламентарните процедури и во согласност со деловникот што побргу да се избере претседател на Собранието.

Од партијата додаваат дека „новиот претседател на Собранието ќе прати допис до Ѓорге Иванов и ќе му го обезбеди рокот од 10 дена што го бара за да го даде мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за составување на новата влада“.

„Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ немаат право заради заштита на криминалните интереси на Никола Груевски да се инволвираат во продолжување на политичката криза, што оди на штета на интересите на граѓаните, на бизнис-секторот и на иднината на државата. На веродостојни избори се избрани новите пратеници во Собранието кои имаат право според Уставот да го формираат новото парламентарно мнозинство“- стои во соопштението на СДСМ.

Од партијата потсетуваат дека Европската Унија соопшти дека има позитивни намери со Македонија, отворање на поглавјата 23 и 24 поврзани со правосудството и со безбедноста.

Од СДСМ велат дека тоа ги отвора и европските перспективи на државата и на граѓаните и тоа е патот на Македонија.