Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ излегува од широката политичка и граѓанска коалиција

СДСМ излегува од широката политичка и граѓанска коалиција

Според најновите информации СДСМ постои голема можност да ја напушти коалицијата „Граѓани за Македонија“ која служеше како заедничка платформа на настап на повеќе политички партии и голем број невладини организации од граѓанскиот сектор. СДСМ на овој начин ќе претстави своја програма за политичките решенија во Македонија, а ќе се врати и во Собранието каде ќе ја продолжи институционалната битка со власта. Сепак, повлекувањето е очекувано кај дел од членовите на коалицијата „Граѓани за Македонија“ бидејќи треба да се делува одвоено во политичкиот и невладиниот сектор во наредниот период.