Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ и ВМРО ДПМНЕ не ги коментираат можните оставки на министрите на ДУИ

СДСМ и ВМРО ДПМНЕ не ги коментираат можните оставки на министрите на ДУИ

СДСМ и ВМРО ДПМНЕ изненадувачи тивки по веста за можното напуштање на министерските места на ДУИ. Двете партии, не коментираат додека ДУИ не донесе конечна одлука. Оставките на министрите на ДУИ би предизвикале пад на владата на Димитриев, но прашање е дали тоа би ја променило оваа блокирана состојба.

Од СДСМ оценија дека и со оставките на министрите на ДУИ не може да се предизвика побрз избор на претседател на собранието. Собранието, без избран спикер не може да ги усвои оставките и да избере нови министри, сметаат од СДСМ. Од Беса исто така, оценија дека оставките на министрите на ДУИ нема да донесат решение.

ДУИ формира комисија која ќе ги разгледа експертските ставови дали со оставка на двајца вицепремиери и 8 министри може да се одболокира политичкиот процес или само дополнително да се усложни.

Ова беше мирен викенд за партиите и за пратениците. Од утре продолжуваат маратонските реплики и контрареплики во собранието, додека од ДУИ се очекува да ја соопшти конечната одлука. Сепак, ако судиме според досегашната пракса, не можеме да очекуваме дека партијата на Ахмети брзо ќе донесе одлука.