Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ и ВМРО-ДПМНЕ го осудија обидот за убиство на Тодоров

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ го осудија обидот за убиство на Тодоров

СДСМ го осуди инцидентот во кој 60-годишниот Љ.С. од селото Каласлари, Велешко, пукаше во поранешниот министер за здравство и висок функционер на ВМРO-ДПМНЕ, Никола Тодоров.

„СДСМ најостро го осудува инцидентот во кој е пукано во поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров. Недозволиво е употреба на оружје и посегнување по нечиј живот, од која било причина, какви што се првичните информации за случајот. Повикуваме на институционално решавање на проблемите. Очекуваме надлежните органи целосно да го расветлат инцидентот“, стои во соопштението на СДСМ.

Осуда пристигна и од ВМРО-ДПМНЕ, кои го обвинија СДСМ дека ја подгревала тензијата против тодор нарекувајќи го „министер за смрт“.

„На првиот ден од доаѓањето на власт, сведоци сме на подмолен, вооружен напад врз министерот Никола Тодоров. Никола Тодоров благодарение на присебноста успеа да го избегне атентаторот. СДС и Заев долго време го подготвуваа теренот за ваквиот монструозен акт. Долго време го напаѓаа и навредуваа Тодоров нарекувајќи го „Министер смрт“. Таканаречената „Шарена револуција“ и СДС долго време ширеа хистерија и повикуваа на насилство. Одговорност мора да има“ – се вели во дописот од оваа партија.

Според првични и неофицијални информации од истрагата, 60-годишниот Љ.С. е дедо на деветгодишната Тамара Димовска, која имаше искривување на ’рбетот и почина во февруари 2015 година, чекајќи од Фондот за здравствено осигурување средства за операција во странство.

Нападот доаѓа еден ден откако пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија бесрамно ја злоупотреби малата Тамара, која почина во нивниот мандат на владеење, за да ја нападне СДСМ, која од полноќ стави крај на 11 годишното владеење на партијата на Никола Груевски.