HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ И ВМРО-ДПМНЕ ги промовираа своите коалиции

СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ ги промовираа своите коалиции

makedoncite-od-dijasporata-1700adb5_201441516022

ВМРО- ДПМНЕ и СДСМ ги објавија своите коалициони партнерства со помалите партии. Со цел за повеќе гласови, но со разноликост во составот се разликуваат двете коалиции, каде што и од двете страни има изненадувања.

Најголемите реакции за коалицијата на СДСМ се појавија на социјалните мрежи откако партијата одлучи да ја формира коалицијата без присуство на медиуми. Најголемиот број реакции се однесуваа на коалицирањето со Српската народна странка. За многу неприфатливо е тоа што токму оваа партија му го позајми печатот на Стевчо Јакимовски да се кандидира на локалните избори како противник на кандидатот на СДСМ.

За разлика од социјалдемократите, ВМРО- ДПМНЕ официјално ја промовираше својата коалиција „За подобра Македонија со свеченост“. 25 претседатели на партии го ставија својот потпис дека ќе се борат за интересите на Македонија. Меѓутоа и на ова имаше реакции како и во јавноста, така и на социјалните мрежи. Најголемиот дел од негодувањата се однесуваа поради учеството на Титови леви сили во коалицијата. Лидерот на ВМРО- ДПМНЕ одби да даде изјави за медиумите и да ги објасни дилемите.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com