HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ и ЛП: Кривичниот суд по налог на ВМРО-ДПМНЕ ги опструира изборите

СДСМ и ЛП: Кривичниот суд по налог на ВМРО-ДПМНЕ ги опструира изборите

makedoncite-od-dijasporata-1700adb5_201441516022

ВМРО- ДПМНЕ и Никола Груевски се сериозно исплашени од историските листи на СДСМ. Немaјќи соодветен одговор на нашата понуда, тие преку нивниот послушник Владимир Панчевски го опструираат изборниот процес – соопшти на денешната прес- конференција портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. Ова доаѓа откако од Кривичниот суд добиле инфомрација дека потврдата за неосудуваност на нивните кандидати за пратеници нема да биде готова до петок – крајниот рок кога треба да ги достават пратеничките листи во ДИК.

„Ваквото однесување на Претседателот на Основниот суд Скопје 1 Скопје, Владимир Панчевски, е класичен пример за злоупотреба на службената положба и води кон рушење на Изборниот прцес. Искуството од претходните избори покажува дека овие потврди се издаваат во истиот ден на поднесувањето, и тоа во рок од еден час“ – порача Шилегов.

Со истиот проблем се соочуваат и пратениците од Либералната партија на Ивон Величковски. Тој во ова гледа опструкција од страна на судот по налог на ВМРО- ДПМНЕ и вели дека од овој момент ги оспорува изборите.

„Да ова е опструкција и од наша страна нема да го оставиме вака. Ние ќе ги искористиме сите средства кои ни се на располагање за да го запреме овој изборен процес кој воопшто нема да биде фер и демократски ниту кредибилен“ – рече Величковски.

Од судот пак преку соопштение реагираат дека за ова се виновни самите кандидати.

„Дополнителен проблем на судот е што одредени поединци кандидати на листи за претстојните парламентарни избори се обидуваат да го заобиколат законот со најразлични ургенции и повторно преку медиумите да извршат притисок и да ја сокријат својата неажурност.Ваквите реакции на истите веќе станаа пракса да вршат притисок на судот по секаков основ, а со тоа не се доведува во прашање професионалното и законското работење на судот, туку дава слика за сериозноста при поднесувањето“ – се вели во судското соопштение.

Иако и двете партии веќе доставија писмени известувања до ДИК за тоа што се случува во Основен еден, од комисијата се уште нема официјална реакција. Неофицијално во вакви случаи ДИК го продолжува рокот за да партиите можат да ги поднесат своите пратенички листи.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com