HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ и ДС доставија предлог за распуштање на Собранието

СДСМ и ДС доставија предлог за распуштање на Собранието

Денеска пратеничката група на СДСМ и коалициските партнери поднесоа барање за распуштање на Собранието. Истото го направи и Павле Трајанов од Демократски сојуз.

„Како дел од политичките партии потписници на договорот од Пржино, ние пратениците сме должни да покажеме дека остануваме на договорените позиции што се во интерес на разрешување на политичката криза. Секој обид за одлагање на распуштањето на Собранието од страна на мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ќе биде доказ плус дека власта на Груевски сака да избега од избори на 11 декември“, изјави Горан Сугаревски денеска во Собранието.

„Согласно договорот од 31 август 2016 година, четирите партии констатираа дека има услови за одржување на предвремени парламентарни избори, при што како датум го определија 11 декември. За подготовка на сите партии за учество на изборите неопходен е период од најмалку два месеца, поради што предлагаме во текот на денот распуштање на Парламентот.

Инаку освен предложените промени за работата на СЈО и заштитени сведоци, други реални причини за одложување на самораспуштање на Парламентот нема. Севкупната криза во Македонија предолго трае и ги загрозува перспективите и развојот на земјата, поради што се неопходни промени на власта, кои можe да се случат на фер, демократски и кредибилни избори.

Демократскиот сојуз очекува поддршка од сите парламентарни партии и независни пратеници“, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com