Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСДСМ: Хаос е соодветен псевдоним за министерот Никола Тодоров!

СДСМ: Хаос е соодветен псевдоним за министерот Никола Тодоров!

Од опозициската СДСМ со жесток тон против Министерот за здравство, Никола Тодоров. Од партијата велат дека во негово време се случиле најголемите пропусти во еден здравствен систем. Починати родилки, колапс на здравствен систем и смртност на секое 14-то бебе на 1000 живородени новороденчиња, се само дел од валканите политики на актуелната власт во здравството – велат од СДСМ.

„Безуспешно ВМРО-ДПМНЕ се труди да одбрани нешто што не се брани. Никола Тодоров е еден од најнеспособните министри.
Миленичето на Никола Груевски, Никола Тодоров, каде и да оди создава хаос. Хаос може да биде второ име, синоним за Никола Тодоров.
Но, во виртуелниот свет на Никола Груевски има други, квази критерими.
Затоа Никола Тодоров не понесе одговорност за ниеден скандал во здравството во изминатиот период. Како што и самиот призна – за хаосот не чуствува ниту морална одговорност.
За време на мандатот на НиколаТодоров умираат родилки и бебиња поради недостиг на матични гинеколози и амбуланти а смртноста на новороденчињата во Македонија е 14 на 1.000 живородени бебиња.
Во колапсот на здравствениот систем: се пука во лекари, граѓаните не добиваат квалитетни здравствени услуги, лекарите немаат основни услови за работа, болниците се руина.
Дури 200 лекари годишно заминуваат од Македонија.
По 24-ти април следува чистење на сите валкани политики на Никола Груевски кои го загрозија најскапото нешто – здравјето на граѓаните.
Збогум Никола и збогум на твоето корумпирано друштво!“, се вели во соопштението на СДСМ.

Тодоров функцијата Министер за здравство ја извршува од 2011-та година кога го напушти министерството за образование и наука. Досега, неколкупати беше прозиван да понесе одговорност по бројните случаи кои ја потресоа јавноста, а неколкупати беше предложена и интерпелација за негова смена. Во текот на неговото владеење крупни скандали го потресоа овој ресор, а како најгласен беше случајот на деветгодишната Тамара од Велес, која го загуби животот чекајќи пари за лекување од фондот.