Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ: Груевски не смее да се заканува со насилство

СДСМ: Груевски не смее да се заканува со насилство

Никола Груевски лаже за непостоечки теми, но не смее да се заканува со насилство. Тоа е противуставно и дело казниво по закон, порадува СДСМ во своето утринско соопштение.

„Груевски не е народот. Тој не е фактор. Граѓаните се фактор, а тие избраа заедништво, правда и промени и тие ќе се случат.Мирен трансфер на власта е врвен државен интерес на граѓаните и на Македонија!“, велат од СДСМ.

Од партијата истакнуваат дека секој кој ќе се обиде да ја попречи волјата на мнозинството и да дејствува спротивно на државните интереси ќе се соочи со својата одговорност.

„Груевски има интерес да ја дестабилизира државата затоа што се надева дека така ќе избегне одговорност за криминалите. Укажуваме на институциите и на вработените во нив, дека има ново парламентарно мнозинство и дека се должни да ги овозможат демократските процеси согласно мнозинската волја на граѓаните од изборите. Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се опозиција!“, се вели во соопштението на СДСМ.