Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ: Груевски и пратениците кои си зборуваат сами со себе нема да ги спречат промените

СДСМ: Груевски и пратениците кои си зборуваат сами со себе нема да ги спречат промените

Додека Никола Груевски се шета во Малта, а пратениците од ВМРО-ДПМНЕ зборуваат самите со себе во Собранието, граѓаните трпат, реагира СДСМ.

„И денеска граѓаните ќе плаќаат скапа струја, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ го блокира гласањето за враќање на евтината дневна тарифа. Родителите се загрижени за стресовите кои ги чекаат нивните деца, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ го блокира гласањето за укинување на екстерното тестирање. Граѓаните се уште имаат обврска да плаќаат радиодифузна такса, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ го блокира гласањето за нејзино укинување. Работниците не можат да го добијат ветеното покачување на минималната плата на 12 илјади денари во првата година, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ го блокира гласањето и за оваа мерка. 700 илјади граѓани гласаа и очекуваат промени за живот за сите во Македонија. Нивната волја ќе се реализира“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Оттаму порачуваат дека ќе има претседател на Собранието и ќе има нова реформска Влада на граѓаните.

„Ниту Груевски, ниту пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои си зборуваат сами со себе, тоа нема да го спречат!“, додава СДСМ.