Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ го осуди симнувањето на државното знаме во Куманово

СДСМ го осуди симнувањето на државното знаме во Куманово

Го осудуваме симнувањето државното знаме на Р. Македонија од јарбол во центарот на Куманово. Повикуваме граѓаните да не потпаѓаат под провокации коишто имаат за цел поттикнување меѓуетнички тензии, од кого и да доаѓаат, за какви било интереси и да се.
Сите вакви инциденти одат во прилог на насилните политики на Никола Груевски и на тесното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, кои во подгревањето меѓуетнички тензии и помеѓу припадници на иста етничка група гледаат обид за спас од одговорност за направените криминали, велат од СДСМ.

„Во таа насока се и лажните вести на медиумите под контрола на Никола Груевски, кои го користат овој изолиран инцидент за лаги и нови провокации. Тие се единствено предмет на Никола Груевски кој преку поделби и форсирање бинационална држава, бара начин да избегне одговорност за направените злодела врз граѓаните, дури и по цена на штета на стабилноста и мирот на граѓаните.

Македонија ќе добие нова реформска Влада и ќе биде правна држава, а сите кои работеле спротивно на законот, ќе одговараат. Тоа Никола Груевски и кој и да е друг, со ништо не може да го спречи“, се вели во партиската реакција.