HomeГОВОРНИЦАСтавСДСМ ги консолидира борбените редови за изборите – Кој ќе биде дел од фронтот

СДСМ ги консолидира борбените редови за изборите – Кој ќе биде дел од фронтот

На претстојните избори неопходно ќе биде окрупнување на опозицијата која со заеднички фронт ќе се обиде да добие што е можно повеќе гласови за го победи ВМРО-ДПМНЕ или барем да му се доближи во бројот на гласачи.

sdsm-kongres

Речиси сигурно е дека СДСМ ќе ја надополни својата коалиција со ДОМ на Лилјана Поповска, а ќе соработува и со Коалицијата за промени и правда која е составена од Демократскиот сојуз, ФРОДЕМ, МОРО-Работничка партија и од движењето Демос како претставници на опозиционата десница. Со нив нема да одат на заеднички изборни листи, но можно е да коалицираат по изборите.

desnicarska-koalicija

Многу посакувана варијатна е вистинско окрупнување и на самата десница во еден широк блок надополнет од Достоинство на Стојанче Ангелов, Обединети за Македонија на Љубе Бошковски и ВМРО-НП на Љубчо Георгиевски кои може да откинат добар дел од традиционалното гласачко тело на владејачката партија, но проблематично е што овие партии подолг период не се активни, членството е разотидено или преминато.

Сепак, нивната поединечна популарност може да донесе публицитет за време на предизборната кампања иако нема да делат иста сцена со СДСМ како во минатото. Најголеми „џокери“ на овие избори кај опозицијата ќе бидат „Шарените револуционери“ кои не формираа своја партија, но затоа пак дел од најистакнататите поединци ќе се најдат на пратеничките листи на СДСМ.

levica-zdravko

Останува уште да се договори и „Левица“ која на повеќе наврати посочи дека води различна политика од СДСМ и побара непартиски листи на кои ќе се обединат сите политички партии против актуелната власт, но постои можност за коалиција во последен момент или барем договор за соработка за претстојните избори.

sdsm-albanci

Во фронтот дефинитивно ќе има место и за опозициски настроените гласачи од албанска етничка припадност, па постои можност СДСМ да ги активира своите членови на избирачките листи во шестата изборна единица каде ќе се надева на нови гласачи кои се незадоволни од владиниот тандем ДУИ-ВМРО.

branko-kongres

СДСМ мора да внимава и на своето гласачко тело бидејќи добар од „старите“ кадри како Бучковски, Макрадули, Ивановски, Георгиев и останатите немаа важна улога на неодамнешниот конгрес, но присуството на Бранко Црвенковски беше клучен сигнал дека е време за помирување и обединување зад една иста цел – пораз на ВМРО-ДПМНЕ.

Христијан Станоевиќ

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com