Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ: Дојде крајот на тајното преговарање и на држењето на јавноста во информативен мрак

СДСМ: Дојде крајот на тајното преговарање и на држењето на јавноста во информативен мрак

Владејачката партија порачува дека завршило времето на криење на битните работи од граѓаните, стои во реакцијата на СДСМ на обвинувањата од денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Заврши времето на изолација и на конфликти со демократскиот цивилизиран свет, во која ВМРО-ДПМНЕ ја држеше Македонија заробена цели 11 години. Дојде крајот на тајното преговарање и на држењето на јавноста и на граѓаните во информативен мрак во врска со односите што ги воспоставува нашата земја со соседните земји и со меѓународната заедница“, се вели во реакцијата на владејачката партија.