Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаСДСМ: До 2020-ра минималната плата ќе биде 16.000 денари

СДСМ: До 2020-ра минималната плата ќе биде 16.000 денари

СДСМ вчера вети дека до 2020-та планира постојано да ја зголемува минималната плата и таа за работниците во приватниот сектор да достигне 16.000 денари, но не откри како ќе се справи со негодувањата на работодавачите кои и на првото кревање на „минималецот“ имаа жестоки реакции со закани дека ќе има пад на бројот на вработени и тоа во индустрии каде работничките права не се најдобри.

minimalna-plata-sdsm

„Оваа минимална плата ќе важи и за вработените во индустријата за текстил, облека и кожа, кои со години се законски обесправени и земаат пониска минимална плата од останатите. А, ова се работниците со најниски плати во Македонија и на нив најмногу им треба минималната плата, ќе ја исправиме оваа социјалната неправда!

Власта на ВМРО-ДПМНЕ ги понижи работниците, фалејќи се низ светот со евтина работна сила, додека тие се борат за опстанок со мизерните плати. Нема да дозволиме повеќе такво газење врз работничкото достоинство.“, рече Драган Тевдовски, претседател на Комисијата за економија и член на ИО на СДСМ.

Со државна помош компаниите постепено ќе се прилагодат на новите мерки, па за да нема отуштања на вработени во првата година државата на работодавачите ќе им надомести по 1.900 денари за исплатена бруто минимална плата во индустријата за текстил, облека и кожа.

Мерката секако звучи примамливо бидејќи значително го крева прагот на примања на работниците кои не се доволно моќни самите преку синдикатот дасе изборат за овие права, но тоа не значи дека лесно ќе се изгласа во собранието каде ќе има огромен притисок.