HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ денеска ќе излезе со официјални имиња за листите – конгресот закажан за 14 часот

СДСМ денеска ќе излезе со официјални имиња за листите – конгресот закажан за 14 часот

sdsm platforma za demokratija

Денеска ќе станат официјални листите а СДСМ, Конгресот е закажан во 14 часот. Засега неофицијални информации кружат во медиумите според кои заменик претседателката Радмила Шекеринска ќе биде носител во првата изборна единица, генералниот секретар и актуелен министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски носител во двојката, актуелниот дополнителен заменик министер за земјоделство, Љупчо Николовски носител во третата изборна единица, лидерот на партијата, Зоран Заев, носител во четвртата изборна единица, портпаролот Петре Шилегов во петката, а претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во шестата изборна единица. Дел од листите ќе бидат и интелектуалци, независни граѓани а место ќе има и за Шарената револуција. Останува да дознаеме кој се ќе се најде на листите на најголемиот ривал на власта.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com