HomeДЕНЕШНАЕкономијаСДСМ бара повеќе пари од буџетот за мали и средни претпријатија

СДСМ бара повеќе пари од буџетот за мали и средни претпријатија

Пратеничката група на СДСМ и коалицијата поднесе амандман на буџетот за 2017 година со кој се предлага да се зголемат средствата за директна финансиска поддршка на малите и средните претпријатија во Р. Македонија во износ од 196.000.000 денари или 3.200.000 евра.

Ова е заради тоа што Владата во предлог буџетот има предвидено само 9.040.000 денари или околу 160.000 евра, исто како и за оваа 2016 година. Ако за едно препријатие е предвидена помош од 10.000 евра, тогаш според предлогот на Владата во 2017 година директна поддршка ќе добијат 16 претпријатија.

Со амандманот, ваква поддршка ќе добијат најмалку 320 мали или средни претпријатија.
Политиката на актуелната власт на ВМРО ДПМНЕ, да ги користи овие претпријатија само за полнење на буџетот преку даночната и казнената политика продолжува исто како и во изминатите 10 години.

Во Р.Македонија се регистрирани повеќе од 70.000 фирми од кои 98% се микро, мали и средни претпријатија, вработуваат 70% од населението и учествуваат со 60% во бруто домашниот производ (БДП).

Токму заради ова, треба и мора да се зголемат средствата за оваа намена со оглед да буџетот за 2017 е проектиран на 3,3 милијарди евра, што секако е минорно па дури и смешно да се определат само 160 илјади евра за подршка на малите фирмии.

И понатаму продолжува дискриминаторската политика на власта на ВМРО ДПМНЕ спрема домашните компании за сметка на странските инвеститори и мултинационалните компании.

СДСМ заедно со коалицијата, како идна власт после изборите на 11 декември, ќе направи темелна ревизија и ребаланс на буџетот за 2017 година, при што се обврзува пред граѓаните и сопствениците на малите и средните компании дека една од мерките во првите 180 дена ќе биде да ја зголеми директната финансиска поддршка на 20 милиони евра, а во целиот 4 годишен мандат оваа помош ќе изнесува 50 милиони евра годишно.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com