Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ бара итно свикување на Собранието – И дијаспората кажа не на наместени избори

СДСМ бара итно свикување на Собранието – И дијаспората кажа не на наместени избори

Изборите се понеизвесни. Додека ВМРО-ДМПНЕ се уште се однесува како се да е во ред и одржувањето на изборите е сигурно, опозициската СДСМ црвсто убедена дека нема да има избори. Тие денеска побараа итно да се свика Собранието за да продолжи со работа и итно да се поништи одлуката на Иванов за аболиција.

„Избори на 5 јуни нема да има. Тоа вчера го констатираше и ДИК. И дијаспората кажа НЕ на наместени избори. Согласно официјалните податоци од ДИК, во дијаспората за гласање се регистрирале вкупно 4848 гласачи. Тоа значи дека дури и Груевски на сила да сака да глуми избори, во дијаспората нема да се организира гласање, рече потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски. Готово е Никола, режимот се руши по сите основи„ – изјави потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски.