Friday, Mar 24, 2017
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаСДСМ со соопштение за сообраќајната незгода на Шекеринска

СДСМ со соопштение за сообраќајната незгода на Шекеринска

sekerinska 2

Опозициската партија СДСМ во соопштение до јавноста потврдува дека потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, учествувала во сообраќајната несреќа кај Мрзенци и информира дека таа е во добра здравствена состојба.

Како што информираат од партијата, сообраќајната незгода се случила кога возило, коешто претекнувало камион на недозволено место на патот, преминало на другата страна од коловозот и удрило во приватното возило во коешто се превезувала и заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, со нејзините родители.

Како што информираа од МВР, во сообраќајната несреќа учествувале џип со скопски регистерски таблици „мицубиши пајеро“ и автомобил „шевролет авео“ со гевгелиски регистерски таблици.

Во сообраќајката, девојката којашто го управувала автомобилот „шевролет авео“ се здобила со телесни повреди и е пренесена во гевгелиската болница.