Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ: 17 мај е порака за концептот на заедништво што го избраа граѓаните

СДСМ: 17 мај е порака за концептот на заедништво што го избраа граѓаните

Да престанат деструктивните политики на раздор, сите, влучително и опозициската ВМРО-ДПМНЕ да се постават конструктивно во процесите што следат. 17 мај, којшто пред две години испрати порака на заедништво без разлика на каква било припадност и определба, е концептот што го избраа граѓаните на изборите и треба да се даде шанса да ја повлече Македонија кон развој и кон евро-атлантски интеграции, порача СДСМ во своето редовно утринско соопштение.

„Парламентарното мнозинство ги презема сите потребни чекори да се одблокираат демократските процеси. Неопходно за граѓанските и зa државните интереси е сите институции и политички претставници да се постават одговорно кон обврската пред граѓаните и да ја почитуваат мнозинската волја, во согласност со Уставот. Реафирмацијата на програмата на новата влада на унитарна Македонија, која ќе работи според Уставот во интерес на евро-атлантските перспективи, е покажување одговорност кон своите граѓани и кон својата држава. Од исклучителна важност за стабилизација на државата е сите политички лидери и институции да се постават на ниво на одговорноста и да овозможат да продолжат демократските процеси“, се вели во соопштението.

На 17 мај пред две години во Скопје се одржа голем натпартиски граѓански протест против, како што тогаш изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, „насилното, сурово, криминално владеење на Никола Груевски“.