HomeДЕНЕШНАПолитикаСДСМ ќе го чисти воздухот со „чистење“ на власта од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ ќе го чисти воздухот со „чистење“ на власта од ВМРО-ДПМНЕ

sdsm-vozduh

Дамјан Манчевски на денешната прес конференција на СДСМ од Водно најави повеќе мерки за чист воздух во Скопје, но најпрво треба да се прочисти власта од ВМРО-ДПМНЕ кои според него се главни виновници за загадувањето.

damjan-mancevski-vodno

„Наместо краткoрочни и ненавремени мерки, потребен е сериозен пристап во решавање на овој проблем. Токму затоа во Планот за Македонија имаме предвидено сет на мерки за намалување на загадувањето на воздухот“, изјави потпретседателот на СДСМ.

„По промените на 11 декември, ќе го вратиме зеленилото во градските средини преку зголемување на задолжителниот процент на зеленило во Законот за просторното и урбанистичкото планирање. Но, прв и најважен чекор за намалување на загадувањето е смената на власта“, смета Манчевски.

Гасификацијата на Скопје е наш стратешки проект, со тоа ќе се намали и загадувањето на воздухот, затоа што голем дел од домаќинствата ќе се префрлат да се грејат на гас.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com