HomeДЕНЕШНАСветШведска ќе ја воведе првата национална електронска валута

Шведска ќе ја воведе првата национална електронска валута

Шведска може да биде првата држава во светот која ќе користи сопствена електронска валута која би ги заменила книжните пари. Шведската влада ја разгледува идејата да воведе електронска валута наречена „ekrona“. Централната банка на оваа земја дошла на идеја да прејде на електронска валута откако е забележан голем пад на користење пари во кеш.

„Количеството книжни пари и монети во циркулација од 2009 година па наваму е намалено за 40 отсто, со зголемено купување преку интернет и користење на картички за тоа“, објаснуваат од тамошната Централна банка.

Доколку Шведска се одлучи за ваков чекор, таа ќе постане првата земја во светот што ќе им даде на своите потрошувачи директен пристап до виртуелни пари издадени од Централана банка на Шведска популарно наречена Riksbank.

Засега најпопуларна дигитална валута е биткоинот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com