HomeФЕР ПЛЕЈФудбалШвајнштајгер заминува од Јунајтед, но останува во Премиер лигата?

Швајнштајгер заминува од Јунајтед, но останува во Премиер лигата?

screenshotfrom2016-10-3113_38_2sx8503364020161031134031

Бастијаш Швајштајгер би можел да го замени Јунајтед за друг Премиерлигаш. Иако започна да тренира со првиот тим на Јунајтед, мала е веројатноста дека ќе добие шанса да заигра, бидејќи едноставно Мурињо не го преферира стилот на игра на Германецот. Се почести се шпекулациите дека клубот од „Олд Трафорд“ е подготвен да му плати оштета од 10 милиони фунти за тој да го напушти клубот.

Има понуди од МЛС, но според одредени шпекулации се верува дека тој се уште може да игра на врвно ниво. Англиските медиуми пренесуваат дека Евертон е заинтересиран за неговиот услуги со тоа што Роналд Куман бара засилување во везниот ред, а Швајни за своето место во тимот би се борел со Герет Бери.

Доколку трансферот се слиучи на зима, Евертон ќе мора добро да го плати Германецот кој бара околу 5 милиони евра по сезона, а сигурно дека во Америка би заработувал и повеќе.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com