HomeФЕР ПЛЕЈФудбалШвајнштајгер дефинитивно заминува на зима, но каде?!

Швајнштајгер дефинитивно заминува на зима, но каде?!

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед ќе го напушти овој фудбалски клуб во јануари, пренесоа денес британските медиуми. Како што пренесува таблоидот „The Sun“, поранешниот германски репрезентативец работа на својата физичка подготовка воочи заминувањето од „Олд Трафорд“. Се шпекулира дека Швајнштајгер на зима би можел да замине во некој од американските клубови, но и да се врати во Германија, после тешки 18 месеци во Манчестер.

Швајнтајгер минатото лето премина во редовите на Јунајтед од Баерн Минхен, но поради повредите не се снајде најдобро во Англија. Одигра вкупно 31 натпревар за „Црвените Ѓаволи“ и притоа постигна еден погодок. Од доаѓањето на Жозе Мурињо тој не добива никаква минутажа, Португалецот не смета на него, па 32-годишниот ветеран тренира со резервниот тим на Јунајтед.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com