HomeФЕР ПЛЕЈШумахер повторно се врати на социјалните мрежи!

Шумахер повторно се врати на социјалните мрежи!

sumaher

Поранешниот шампион во Формула 1, Михаел Шумахер (47) се појави на социјалните мрежи, а иако тој лично не ги води профилите, туку тоа за него го прави ПР тимот, сепак фановите со голема радост го дочекаа.

Имено, ова е прв пат Шумахер да биде активен на социјалните мрежи после несреќата на скијање и периодот кој го помина во кома, па фановите го гледаат ова како знак дека му станува сѐ подобро.

-Продолжи да се бориш – никогаш не се откажувај” е натписот кој стои на неговата Фејсбук страна, а администраторите истакнаа дека станува збор за платформа на која се сите добредојдени за да споделуваат сеќавања за шампионот на Формула 1.

-Добредојдовте на страната на Михаел! Сакаме да ги споделиме со вас сите сеќавања, а кој е подобар момент од претстојната годишнина на неговата прва освоена светска титула. Од 13-ти ноември, оваа страна ќе биде собиралиште на сите кои сакаат да разменуваат и да ги слават достигнувањата на Михаел, како гест на благодарност за сите прекрасни фанови”, стои во описот на официјалната Фејсбук страна.

Извор: republika.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com