HomeСТУДЕНТУМШтипскиот Универзитет почна да издава меѓународно научно списание

Штипскиот Универзитет почна да издава меѓународно научно списание

palimpsest

Во издание на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип на почетокот од ноември објавен е првиот број од новоформираното меѓународно научно списание „Палимпсест“ („Palimpsest”).

– „Палимпсест“ e меѓународно научно списание за лингвистички, книжевни и културолошки истражувања што се објавува во електронска (http://js.ugd.edu.mk/index.php/PAL) и во печатена форма во два броја годишно. Во списанието се објавуваат трудови од областите лингвистика, наука за литературата, методика на наставата и културологија. Исто така, резервирана е и рубрика за прикази, односно за рецензии за најновата продукција (книги, монографии и слично) од широката област на филологијата и од културологијата, посочува издавачот.

Во меѓународното научно списание „Палимпсест“ се објавуваат трудови на македонски, англиски, руски, германски, италијански, француски и турски јазик. Уредувачкиот одбор на списанието е составен од 30 уредници (универзитетски професори) од 17 земји: Македонија, САД, Русија, Италија, Велика Британија, Германија, Франција, Швајцарија, Романија, Унгарија, Турција, Индија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Словенија и од Србија.

Во првиот број од „Палимпсест“ се објавени 24 трудови во пет рубрики („Јазик“, „Книжевност“, „Култура“, „Методика на наставата“ и „Прикази“) од автори од Македонија и од странство како што се Марија Кусевска, Костанца Гедес да Филицаја, Паоло Ору, Марија Ѓорѓиева-Димова, Весна Мојсова-Чепишевска, Назли Рана Ѓурел, Славчо Ковилоски, Луси Караниколова-Чочоровска, Мируна Крачиунеску, Диего Поли, Игор Рижнар и други.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com