HomeФЕР ПЛЕЈФудбалШпанските медиуми: Менаџерот на Бејл одржа состанок во Манчестер!

Шпанските медиуми: Менаџерот на Бејл одржа состанок во Манчестер!

Наводно кон крајот на претходната недела менаџерот на Герет Бејл имал состанок со претставниците од Манчестер. Шпанските медиуми повторно го селат Герет Бејл во Јунајтед. Бејл беше мета на Јунајтед претходните неколку години, Ед Вудворд го посакуваше во својот тим, но никогаш не им тргна од рака даго доведат од Реал Мадрид.

Како и секогаш, кога се бара причина за заминување на Гeрет Бејл од Реал Мадрид, медиумите во Шпанија го наведуваат неговото незадоволство во тимот бидејќи е во сенка на Кристијано Роналдо. Се споменува дека со задоволство би се вратил во Премиер лигата каде порано ги бранеше боите на Тотенхем и Саутемптон.

Денес Шпанските медиуми пренесоа дека неговиот менаџер Џонатан Барнет одржал состанок со Мурињо и Ед Вудворд, а причината била токму трансфер на Бејл во Манчестер Јунајтед. Следното лето е лето во кое Јунајтед по четврти пат ќе се обиде да го ангажира фантастичниот репрезентативец на Велс. Бејл има договор со Реал до 2019, а доколку не го продолжи шансите за заминување на лето ќе бидат и тоа како големи.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com