HomeДЕНЕШНАСветШпанка во седмата деценија од животот родила трето дете!

Шпанка во седмата деценија од животот родила трето дете!

62-Годишната докторка од Шпанија, Лина Алварез, ќе влезе во аналите на медицината како една од најстарите родилки во светот, бидејќи на 10 октомври донесе на свет здраво девојче. Денес заедно со ќерката излезе од болницата во Луго и повика сите жени да го следат нејзиниот пример, доколку во постари години сакаат да имаат деца. Девојчето Лина е родено со царски рез, тешка е 2.4 килограми и добила највисока оценка.

Ова е трето дете за Лини Алварез, а најстарата која има 27 години е родена со церебрална парализа, додека другото дете има 10 години. „Жените кои се доволно здрави да родат дете и во подоцните години не треба да имаат страв да го сторат тоа. Треба да го слушаат гласот на природата, а не на гиникологот“, порача Алварез.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com