HomeДЕНЕШНАСветШпанија: Уапсени четири лица поради можна поврзаност со Исламската Држава

Шпанија: Уапсени четири лица поради можна поврзаност со Исламската Држава

Полицијата во Шпанија уапси четворица мажи осомничени дека се дел од мрежата за илегална имиграција што ја користи екстремната сунитска организација Исламска држава за доведување џихадисти во Европа, а меѓу нив има и лица вмешани во минатогодишните терористички напади во Париз.

Шпанските власти ги сомничат уапсените мажи дека биле во контакт со еден од двајцата екстремисти уапсени во Салцбург во Австрија набрзо по терористичките напади од 13 ноември 2015 година, во кои беа убиени 130 луѓе, соопшти Министерството за внатрешни работи во Мадрид.

Австриската полицијата ги уапси Алжирецот Адел Хадади и Пакистанецот Мохамад Усман на 10 декември минатата година во мигрантскиот центар во Салцбург поради поврзаност со џихадистичката ќелија што ги изврши нападите во Париз. Иследните веруваат дека Хадади и Усман на 3 октомври 2015 година заминале на грчкиот остров Лерос со чамец во кој имало уште две лица, за кои се смета дека се Ирачани, а кои се разнеле со експлозив во близина на парискиот стадион „Стад де Франс“ во текот на нападите.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com