HomeРЕФЛЕКТОРМузикаШон Мендез го помина Дрејк!

Шон Мендез го помина Дрејк!

Ѕвездата на социјалните мрежи, а од неодамна и пејач, Шон Мендез дебитираше на првото место на неделната листа на „Билборд“ од 200 најпопуларни нумери и со тоа го стави канадскиот рапер Дрејк на втората позиција. Дрејк веќе со недели ја држи првата позиција како најпопуларен изведувач, барем според листите на „Билборд“.

Ниту Ветеранот Брус Спрингстин, кој се најде на петото место, ниту кантри музичарот Лук Брајан, кој се најде на четвртата позиција, оваа недела не успеаја да се најдат на првото место иако се високо котирани на таа американска музичка топ-листа.

Албумот на канадскиот тинејџер Шон Мендез, „Illuminate“, за една недела беше продаден во 121.000 примероци, додека неговите нумери, според податоците на агенцијата „Нилсен“, била стримувана 24 милиони пати.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com