HomeДЕНЕШНАПолитикаШилегов: Власта докажа дека се плаши од СЈО за криминалното работење

Шилегов: Власта докажа дека се плаши од СЈО за криминалното работење

Опозицискиот пратеник Петре Шилегов жестокот ги нападна пратениците на владејачкото мнозинство како директни помагачи на криминалот ВМРО-ДПМНЕ и со негласањето на законските измени покажаа дека се плашат од работата на СЈО.

„Очигледно е дека обвинетиот Никола Груевски и криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ се единствените коиштоне сакаат да се овозможи непречена работа на Специјалното јавно обвинителство.
Од што се плаши ВМРО-ДПМНЕ па упорно не сака да ги изгласа предложените измени на Законот за СЈО и Законот за заштитени сведоци? Противењето на овие измени, како и неодамнешниот однос на пратениците кон специјалната јавна обвинителка покажува дека ВМРО-ДПМНЕ не сака силно Специјално обвинителство кое до крај ќе ги расчисти истрагите што ги започна. Со денешното гласање пратениците од ВМРО-ДПМНЕ официјално станаа прикривачи и помагачи на криминаллот што го гони Специјалното јавно обвинителство“, изјави Шилегов по собраниската седница.

Да потсетиме дека законските предлог решенија за продолжување на мандатот на СЈО и промена на законот за заштита на сведоци не беа прифатени.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com