HomeДЕНЕШНАРепубликаШилегов: Груевски, каде е фабриката во Демир Хисар?

Шилегов: Груевски, каде е фабриката во Демир Хисар?

Груевски, каде е фабриката во Демир Хисар?, праша денеска Петре Шилегов, портпарол на СДСМ од Демир Хисар каде што одржа прес-конференција пред поранешната фабрика „Застава“ каде што требаше да изникне инвестиција на компанијата „СТС Текстајл“.

„Пред само седум месеци Никола Груевски и неговиот дил-ориентед министер Владимир Пешевски лажеа дека токму овде, во оваа фабрика ќе влезе странската инвестиција на компанијата ,,СТС Текстајл.Овде требаше да работат над 150 граѓани од Демир Хисар. Се најавуваше и забрзан економски раст на овој крај.Граѓаните на Демир Хисар беа излажани дека реализацијата на договореното е во тек. Како што можете да видите, инвеститор нема. Фабриката „Застава“ е празна, а и ветените стотици и илјадници работни места ги нема. Лажеш Никола“ -рече Шилегов.

Тој потсети дека истата инвестиција и 1.000 работни места сега Груевски им ја ветува и на граѓаните на Велес.

„Тажната вистина е дека илјадници граѓани на Македонија се изиграни од Никола Груевски за нови вработувања. Исто како и во Демир Хисар се лажеше и во Ранковце и во Крива Паланка. Таму досега требаше да бидат вработени околу 6.000 луѓе во Веибо“.

Се излажа и во Свети Николе. Зар треба да потсетуваме на Субрата Рој и на неговите 20.000 крави. Таму се излажа и за фабрика за печурки – посочи Шилегов. Поради лагите на оваа васт, додаде Шилегов, 630.000 граѓани ја напуштија земјата во потрага по достоинствена работа и достоинствен живот.

„Од оние коишто останаа да живеат во Македонија половина милион живеат во глад и сиромаштија.На 11 декемрви, лагите и политиките што ги осиромашија и изневерија граѓаните ќе го доживеат својот крај„ – рече Шилегов.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com