HomeДЕНЕШНАЕкономијаШест нафтени компании договарале цени во Бугарија

Шест нафтени компании договарале цени во Бугарија

Бугарската комисија против монополското работење обвини шест нафтени компании дека со договарање на цените на малопродажниот пазар ги прекршиле прописите за рамноправен натпревар на пазарот.

Станува збор за компаниите „Лукоил Бугарија“, „Шел Бугарија“, „Еко Бугарија“ која е филијала на грчката „Hellenic Petroleum“, како и „Петрол“ и „Нис Петрол“ во којашто контролен удел има руски „Газпром Нефт“. Според бугарскиот регулатор, тие ги договарале малопродажните цени на дизелот и бензините, пренесуваат бугарските медиуми.

„Комисијата смета дека потезите на споменатите компании претставуваа повреда на прописите и дека резултирале со забранет договор и/или синхронизирана практика на размена на информации за цените и спроведување на заедничката политика на цените, како и со информации за продажбата“, се наведува во соопштението.

Бугарскиот регулатор ја започнал истрагата во секторот на малопродажба на горивата во февруари годинава, по поплаките на многу граѓани на високите цени на горива и покрај остриот пад на цените на нафтата на светските пазари.

Портпаролката на „Лукоил Бугарија„ не сакала да ги коментира обвинувањата од регулаторот, истакнувајќи дека им е потребно повеќе време за анализа на резултатите од истрагата на комисијата. Другите пет компании не биле достапни за коментар.

Сите на почетокот кога беше објавен почетокот на оваа истрага, негираа дека меѓусебно ги договарале цените. Тие сега имаат 30 дена да одговорат на резултатите од истрагата.

Во почетната фаза од истрагата била опфатена и компанијата „Ропмептрол“, која сега не е во списокот на наводните учесници на договарањето. Во април, регулаторот вршеше претреси на канцелариите на ОМВ, „Лукоил Бугарија“, „Ројал Дач“, „Ромпетрол“ и „Хеленик Петролеум“ во Софија.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com