HomeДЕНЕШНАСветШест деца загинаа во бомбардирање на градинка во близина на Дамаск

Шест деца загинаа во бомбардирање на градинка во близина на Дамаск

sirija-alep-bombardovanje

Најмалку шест деца загинаа, откако силите на сирискиот режим бомбадираа градинка во бунтовничкиот дел на градот Хараста во близина на Дамаск, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.

Во нападот, според Центарот, се ранети 17 лица, од кои повеќето се деца.

Хараста се наоѓа во бунтовничкото засолниште Источна Гута, регион, кој редовно е бомбардиран од авијацијата и артилеријата на режимот на претседателот Башар ал Асад.

Најмалку четири лица загинале во бомбардирање на силите на Асад во соседниот град Дума, додаде Центарот.

Во војната во Сирија од март 2011 година досега загинале над 300 илјади лица, а повеќе од половина од жителите на земјата ги напуштиле своите домови.

МИА

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com