HomeРЕФЛЕКТОРФилмШелдон од „The Big Bang Theory“ најплатен телевизиски актер!

Шелдон од „The Big Bang Theory“ најплатен телевизиски актер!

Четирите главни актери од популарната серија „The Big Bang Theory“ се наоѓа на врвот на листата на најплатени актери на телевизија во 2016 година. Џим Парсон, кој ја толкува улогата на Шелдон, на првата позиција е веќе втора година по ред, а се проценува дека минатата година инкасирал 25.5 милиони долари од своите улоги. Неговите колеги Џони Галеки, Сајмон Хелберг и Најар Кунал се на второто, третото и четвртото место од оваа листа.

Кога станува збор за актерките, на прво место е Софија Вергара, која минатата година заработи 43 милиони долари благодајеќи на разните улоги. На второто место се наоѓа Кејли Куоко со заработка од 24.5 милиони долари. Кејли заработува милион долари по епизода од серија. На третото место се наоѓа комичарка, актерка и автор на серијата „The Big Bang Theory“, Минди Калинг со 15 милиони долари. Минди минатата година се најде на осмата позиција.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com