HomeДЕНЕШНАПолитика„Шарените“ ќе протестираат за Богоевски пред суд

„Шарените“ ќе протестираат за Богоевски пред суд

Активисти од Шарената револуција денеска ќе одржат нов протест пред Основниот суд Скопје 1 за да му изразат поддршка на нејзиниот член Павле Богоевски. Основното јавно обвинителство го товари Богоевски за учество во толпа што ќе изврши кривично дело, дело за кое следува парична казна или казна затвор до три години. Павле Богоевски во неделата на Конгресот на СДСМ повика на заеднички фронт на партиите со непартиските граѓани на изборите на 11 декември.

„ Обвинителството на Зврлевски го товари Павле за учество во толпа што ќе изврши кривично дело. Оваа, прва кривична пријава за боењето на симболите на криминалниот режим во Скопје е уште еден обид за обвинителството и судството од тефтерот на Горде да делат селективна правда. Павле ќе може да го судите само кога Груевски ќе седи на обвинителната клупа во соседната судница, пред навистина независен и непристрасен Суд,“ порачаа активистите.

Протестот е закажан за 10:45 часот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com