HomeДЕНЕШНАПолитика„Шарените“ испровоцирани од односот кон Јанева најавија протестен собир

„Шарените“ испровоцирани од односот кон Јанева најавија протестен собир

Повеќе активисти од „Шарената револуција“ најавија организирање на нов протестен собир со цел да и изразат поддршка на специјалната јавна обвинителка која се соочува со оркестриран напад и од медиумите и од пратениците на владејачкото мнозинство со обиди да се дискредитира нејзината личност и работа во СЈО.

Во апелот на „Шарената револуција“ стои: Ве повикуваме во Понеделник, на 26.09.2016, во 17 часот пред Собранието на Република Македонија на јавен собир за поддршка на СЈО.

Судиите од тефтерот на горде продолжуваат да ги одбиваат барањата за притвор, го укинаа единственото кое беше прифатено и го вратија едниот Обвинителен предлог кој СЈО го поднесе до кривичното одделение, поради причина која не им е проблем кога постапуваат по предметите на зврлевски.

Уставниот суд се уште нема закажано седница на која ќе се разгледува Иницијативата за уставноста на СЈО.
Пратениците од ДПМНЕ одбиваат секаква поддршка за СЈО. Одбиваат да ги донесат потребните законски измени за заштита на сведоци и свиркачи, одбиваат да го продолжат рокот за работење на СЈО, а собраниската говорница ја користат исклучиво за дискредитација на Катица Јанева и институцијата која ја претставува.

Владата зад која се уште стои обвинетиот груевски, продолжува да остава на високи функции луѓе кои се под истрага за сериозни кривични дела од страна на СЈО.

На СЈО повторно му е потребна нашата помош. Не смееме да дозволиме режимот да помисли дека оваа институција барем за момент е без силната, здружена и одлучна поддршка на граѓаните!

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com