HomeДЕНЕШНАПолитикаШарена револуција со антифашистичка песна најави масовен собир

Шарена револуција со антифашистичка песна најави масовен собир

Шарената револуција денес во 17 часот ќе одржи голем собир пред Собранието на Република Македонија со цел да и изрази поддршка во работењето на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Со антифашистичка песна Шарената револуција најави масовен протест против сите опструкции со кои се соочува СЈО.

„Кривичниот суд Скопје 1 е изворот на најголемите опструкции врз работата на СЈО. Од вкупните барања за притвор од страна на СЈО, Кривичниот суд одобри само ЕДНО барање. Од другата страна, за периодот 2012-2014, од вкупно 717 барања за притвор од страна на Обвинителството на Зврлевски, Судовите во Република Македонија имаат одобрено 707 (99%). Ова е само еден од многуте облици на опструкции и поставување на двојни стандарди во судската практика кога станува збор за работењетона СЈО“, посочија од Шарената револуција.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com