Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионСавовски: Неопходна е регионална соработка на службите за предизвикот со мигрантите

Савовски: Неопходна е регионална соработка на службите за предизвикот со мигрантите

Миграцискиот притисок мора да се спречи со оператива на службите за безбедност, министерства за внатрешни работи и полициите на земјите од поширокиот регион, оцени Горанче Савовски директорот на Бирото за јавна безбедност на состанокот на Салзбуршкиот Форум во Софија.

migranti

На состанокот присуствува и претставници на МВР на 9 земји, а се разговараше и за сголемување на соработката меѓу службите поради овој глобален предизвик и можните опасности. Савовски го презентираше Акцискиот план на Р. Македонија, како и неодамнешните измени на законите за азил и мигранти.

Учесниците на состанокот се согласија дека постојаниот прилив на илегални мигранти ја наметнува потребата од дополнителни акции како размена на информации во реално време, зголемено учество во операциите организирани од страна на ФРОНТЕКС, формирање на заеднички истражни тимови за борба против криумчарењто на мигранти.

Претставниците на државите од Салзбуршкиот Форум врз принципот на солидарност ја искажаа подготвеноста за подршка на државите од т.н. балканска рута (Македонија, Србија, Унгарија) кои во овој период се соочуваат со најголем миграционен притисок.