Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСавевски и Куновски ќе чекаат ново судење со нови докази

Савевски и Куновски ќе чекаат ново судење со нови докази

Здравко Савевски и Владимир Куновски од Левица ќе се соочат со нови докази кои ги достави јавното обвинителство, па затоа и судењето уште еднаш е презакажано. Обвинителката Снежана Бундалеска достави имотен лист дека местото каде се наоѓа Народната канцеларија на претседателот е во сопственост на Република на Македонија и одлука на Владата за привремено користење на просторот за оваа намена.

По ова, одбраната на Савески и Куновски побара рочиштето да се одложи за септември за да ги разгледаат доказите. Тие тврдат дека според доказите на одбраната целата документација која тие ја подигнале од Катастарот укажува на повеќе сопствеништва на таа парцела со што документацијата повторно ќе треба да се преиспита.

На барање на одбраната Судот се согласи да им ја укине мерката на претпазливост, односно на обвинетите да им бидат вратени патните исправи и одлучи тие да се јавуваат во судот на секои две недели. Главното судење е презакажано за 13 септември.

Савевски и Куновски се членови на Левица и се осомничени дека за време на протестите ја демолирале Народната канцеларија на претседателот и нанеле голема материјална штета.
Извор: novatv.mk