Friday, Aug 18, 2017
HomeРЕФЛЕКТОРМедиумиСатиричен оглас за вработување: Потребен е премиер на Хрватска

Сатиричен оглас за вработување: Потребен е премиер на Хрватска

Хрватските партии не можат да се договорат кој да биде премиер, па специјализираниот портал Работа.хр, ја зеде работата во свои раце и реши да го пополни празното државно место. Posao.hr објави сатиричен оглас за работното место „премиер на Република Хрватска“, во кој се наведени условите кои мора да ги исполнува кандидатот, како и поволностите што ги добива.

Така, во огласот стои дека кандидатот за ова работно место мора да има завршено најмалку средно образование, да знае англиски јазик, како и да не е член на политичка партија. Листата на услови, секако е значително покуса од онаа на поволностите, меѓу кои се наведени и користење на службен авион, лични телохранители кои се на располагање 24/7, пристап до податоците на тајните служби, чести службени патувања во странство, можност за напредување до позицијата шеф на државата…

posao.hrПокрај овие „основи поволности“, како „обврски“ на оној што ќе го добие работното место хравтски премиер се посочени смислување на предизборни ветувања, фотографирање со граѓани, одбрана на територијата на Хрватска од Словенија, воведување на забрана за работење во четврток (со цел да се олесни поврзувањето на празниците), вработување на пријатели, познаници и роднини во јавната администрација, како и „други обврски утврдени со Уставот и законите“.

Единствен „недостаток“ на ова работно место е што тоа е на определно време. За оние „кандидати за премиер“ од странство, кои можеби не знаат каде е и која е Хрватска, во огласот има и линк до Википедија, каде можат да се запознаат со „фирмата“ со која би раководеле.