HomeДЕНЕШНАЕкономијаСајта Надела од Microsoft оценет за најдобар директор од вработените

Сајта Надела од Microsoft оценет за најдобар директор од вработените

Вработените во Microsoft се многу задоволни од новиот директор Сатја Надела кој го наследи Стив Балмер и ја води компанијата во многу успешна насока. Дури 88% од нив се задоволни од Надела и го обожаваат поради позитивната енергија која ја внел во управувањето и носењето на одлуки, за разлика од него само 51% беа позитивно настроени кон Балмер кој пак имаше свои „бубачки“ и често привлекуваше непотребно внимание.

Според анализата на UBS за прв пат од 2012-та Microsoft го надмина Apple во индексот на задоволство на вработените што е одлична вест бидејќи носи хармонија во компанијата и ги подобрува можностите за ангажирање на нови квалитетни кадри кои може да допринесат во подобри производи од тие на конкурентите како Google, Facebook или Apple.

Извор: telefoni.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com