Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСаша „Српче“ Богдановиќ тврди дека ги испочитувале сите мерки на претпазливост

Саша „Српче“ Богдановиќ тврди дека ги испочитувале сите мерки на претпазливост

 

Голема „прашина“ дигна во јавноста свадбата на актуелниот градоначалник на Општина Центар, Саша Богдановиќ, кој  викендов „заплива во брачните води“.

Откако министерот за здравство Венко Филипче ги критикуваше свадбите кои се одржаа овој викенд, одговор на тоа даде градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ кој со својата сакана, Јелена стапи во брак во манастирот Успение на Пресвета Богородица во Грачаница, Косово.

-Ние само го правевеме свечениот чин во црква, каде што максимално ги почитуваме сите протоколи, коишто ни беа кажани, од страна на црквата и луѓето коишто нормално ги прашувавме како се одвива целата организација. Имаме минимален број на гости, кум, старосват и минимален број на гости коишто ги познаваме – изјави Богдановиќ за Сител телевизија.

Многумина реагираа и за истакнатото српско знаме, покрај кое го немаше македонското, бидејќи станува збор за првиот човек на најурбаната општина во Македонија.